ТРИ МЛАДИ ДЕВОЈКИ ПОВРЕДЕНИ ВО НЕСРЕЌА КАЈ СОПОТ Автомобил се преврте на автопатот Скопје–Велес
Три млади девојки се повредени во сообраќајна несреќа кај Сопот, откако автомобил со велешки таблички се превртел на автопатот Скопје–Велес.
Три девојки се повредени во сообраќајна несреќа што се случила денеска околу 14:20 часот на автопатот Скопје–Велес, на мостот по наплатната станица Сопот.
Според информациите од МВР, патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 19-годишната Л.Ќ. од Велес, се превртело на коловозот.
Во несреќата повредени се возачката Л.Ќ., како и нејзините сопатнички Е.Ш. (20) и Т.Т. (17), двете исто така од Велес.
Сите три лица биле пренесени во Општата болница во Велес, каде им биле констатирани телесни повреди.
За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Велес.