🎥 ЏОН МАЛКОВИЧ Е НОВОТО ЛИЦЕ НА ХРВАТСКА Холивудската ѕвезда сними промотивен филм за Хрватскиот туристички завод

Во видеото актерот прашува како тоа седат со часови и не се случува ништо, а неговиот соговорник му одговара: Не се секирај Џон, ќе научиш, тоа е фјака (Хрватскиот концепт на неправење ништо)

42
Џон Малкович, еден од најпочитуваните актери во светот, двапати номиниран за Оскар, добитник на Еми и бројни други награди, познат по своите улоги во многу филмови, е главниот лик во новото промотивно видео на Хрватскиот национален туристички завод.
Во видеото актерот прашува како тоа седат со часови и не се случува ништо, а неговиот соговорник му одговара: Не се секирај Џон, ќе научиш, тоа е фјака (Хрватскиот концепт на неправење ништо)
Покрај Џон Малкович, актер со хрватски корени и уметник со исклучителна автентичност и меѓународен углед, важна улога во создавањето на видеото, во улогата на креативен директор, одигра и Пит Радович, познат телевизиски и спортски продуцент, исто така со хрватски корени и добитник на 45 награди Еми во 18 различни категории.
Ангажманот на Радович и неговата долгогодишна соработка со престижниот актер придонесоа за учеството на Малкович во видеото, велат од Хрватскиот национален туристички завод.
Ова е четврта соработка помеѓу Малкович и Радович, чии претходни заеднички проекти освоија голем број престижни награди во телевизиската и маркетиншката индустрија, вклучувајќи пет награди „Еми“, пет награди „Кански лав“ и осум награди „Клио“.






Поврзани содржини