ПРИТВОР ЗА ЧЕТВОРИЦАТА ТУРЦИ КОИ НАПАДНАА ДОСТАВУВАЧ ВО СКОПЈЕ Прво удриле во неговиот мотор, па го натепале

186

Четворицата Турци кои нападнаа доставувач во Скопје добија притвор.

Полицијата ги лишија од слобода О.А.(21), А.Ф.Е.(21), Т.А.Б.(22) и А.И.О.(24), сите од Турција, на 25.05.2026 во 01:30 часот во Скопје. Претходно било пријавено дека на 24.05.2026 околу 19:55 часот дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија околу сообраќајот, прво со нивното возило „ауди“ удриле во моторот на Ф.М. (20) од Скопје, додека извршувал работни задачи како доставувач, а потоа и физички го нападнале.






Од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје против насилниците е поднесена кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор.

Поврзани содржини