МИЦКОСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ЈАНША ЗА НОВАТА ВЛАДА Македонија и Словенија продолжуваат да градат силни врски
Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи соопшти дека денеска остварил телефонски разговор со словенечкиот премиер Јанез Јанша, при што му упатил честитки за изборот и формирањето на новата влада во Словенија.
Во објавата на својот Фејсбук профил, Мицкоски посочува дека на Словенија ѝ посакал стабилност, напредок и успешна работа во периодот што следи.
Тој истакнува дека во разговорот била потврдена заедничката заложба за продлабочување на пријателските односи, политичката соработка и партнерството меѓу двете земји.
„Македонија и Словенија продолжуваат да градат силни врски засновани врз меѓусебна почит, европски вредности и заедничка визија за развој, стабилност и подобра иднина за нашите граѓани“, напиша премиерот Мицкоски во објавата.