Дванаесетгодишно дете управувајќи со електричен тротинет удрило во петгодишно дете и го повредило, вчера во селот Црник, Пехчевско.
Како што соопшти полицијата, 12-годишен малолетник од Црник управувајќи електричен тротинет, удрил во петгодишно дете од истото село. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил петгодишникот, констатирани во Итната медицинска помош Пехчево.