📷 ЕКСПЛОЗИЈА ВО ГОЛЕМ ХЕМИСКИ КОМПЛЕКС Еден загинат, пожар и хаос во фабрика на МОЛ

Експлозија во петрохемискиот комплекс на МОЛ во Тишаујварош предизвика пожар и една жртва, додека неколку лица се тешко повредени.

109

Денес се случи експлозија во фабриката на унгарската нафтена компанија МОЛ, во која неколку лица се тешко повредени, а едно лице почина, се вели во соопштението на компанијата.

„Експлозија се случи за време на рестартирањето на фабриката Олефин 1 на локацијата на МОЛ Петрохемија во Тишаујварош. Пожарот е локализиран, а интервенцијата е во тек. Инцидентот резултираше со неколку тешки повреди и еден смртен случај. Експертите ги истражуваат околностите на несреќата“, информираа од компанијата.






Унгарскиот премиер Петер Маѓар објави дека министерот за енергетика Иштван Капитани наскоро ќе пристигне на местото на настанот со извршниот директор на МОЛ, Жолт Хернади.

Градоначалникот на Тишаујварош, Ѓерѓ Филеп, изјави дека не се потребни мерки за јавна заштита и вети дека ќе продолжи да дава појаснувања за развојот на настаните, додека Дирекцијата за управување со катастрофи на округот Боршод-Абауј-Земплен изјави дека околното население не е во опасност.

Портпаролот на Националната служба за вонредни ситуации, Пал Ѓерѓ, изјави дека амбулантните возила излегле на местото на настанот според протоколот за масовна несреќа, каде што пристигнале три хеликоптери за спасување и бројни единици за спасување.

 

MOL Petrohemija е хемиски центар на групацијата кој произведува етилен и пропилен користејќи нафта и дизел масло, кое потоа се преработува во полиетилен со ниска, средна и висока густина и полипропилен.

Полиетиленот е најчестиот вид пластика, додека полипропиленот има широк спектар на апликации, бидејќи се користи во технологијата на пакување, текстилната индустрија, производството на канцелариски материјали, лабораториската и автомобилската опрема.

Поврзани содржини