ЗАКАНИ СО НОЖ И ТЕПАЧКИ ВО ДОМОВИТЕ Две лица се приведени за семејно насилство во четири пријави

Четири случаи на семејно насилство биле пријавени за едно деноноќие во Штип, Скопје, Тетово и Гостивар, а две лица биле приведени поради закани и физички напад.

28

Во последното деноноќие биле пријавени четири случаи на семејно насилство во различни градови низ државата, а две лица завршиле во полициска станица.

Во Штип, полицијата го привела 33-годишниот К.Д. откако неговата 32-годишна сопруга пријавила дека по расправија во семејниот дом физички ја нападнал. Инцидентот се случил околу 03 часот по полноќ.






Неколку часа подоцна, во Тетово бил приведен и 73-годишниот Ј.Д. По пријава од неговата 66-годишна сопруга, тој во семејниот дом ѝ се заканувал со остар предмет. Полициски службеници го лишиле од слобода во Центарот за социјални работи во Тетово.

Во Скопје, 38-годишен маж пријавил дека неговата 33-годишна сопруга му упатувала закани во семејниот дом во Драчево. Според пријавата, случајот се случил два дена претходно.

Нов инцидент бил пријавен и во гостиварско, каде 36-годишна жена тврди дека по расправија нејзината свекрва се обидела да ја нападне со тврд предмет.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи, а по нивно документирање ќе следуваат соодветни пријави.

Поврзани содржини