РОМАНТИЧНА ВЕЧЕРА ИЛИ САМО ПРИЈАТЕЛСКА? Заедничка фотографија од Лондон повторно ги разгоре гласините за врска помеѓу Мерил Стрип и Мартин Шорт
Мерил Стрип и Мартин Шорт повторно го привлекоа вниманието на јавноста и ги засилија шпекулациите дека нивната врска е повеќе од само долгогодишно пријателство, откако беа фотографирани на вечера во Лондон.
Иако претходно постојано ги негираа гласините за романса, актерските легенди Мерил Стрип и Мартин Шорт, со нивното ново заедничко излегување повторно го разгореа интересот на обожавателите.
Фотографија од двојката направена за време на опуштена вечера се прошири на социјалните мрежи, а сведоци тврдат дека изгледале многу блиски и расположени. Фотографијата што се појави на социјалните мрежи во текот на викендот ги прикажува Мерил Стрип и Мартин Шорт за време на вечера во лондонски ресторан.
Двајцата седат еден до друг, а според лицето што ги фотографирало, вечерта поминала во многу интимна атмосфера. Тие се забавувале одлично. Имаше многу смеа и нежни гестови – напиша корисничката на социјалната мрежа, додавајќи дека не сакала да го прекине нивниот приватен момент со барање заедничка фотографија.
View this post on Instagram
Фоографијата го прикажува актерското дуо како заедно ја гледа содржината на мобилниот телефон на познатата актерка, што дополнително ги поттикна шпекулациите за нивната блискост.
Гласините за можна врска почнаа да циркулираат по нивното заедничко појавување на Златните глобуси во 2024 година, каде што беа видени во блиско друштво. Сепак, претставниците на Мартин Шорт тогаш тврдеа дека станува збор само за пријателство. Самиот актер јавно изјави на почетокот на 2024 година дека тој и Мерил Стрип не се пар и дека ги поврзува блиско пријателство. Сепак, во текот на месеците следеа нови заеднички излегувања, вклучувајќи вечера во Санта Моника и држење за раце на премиерата на четвртата сезона од серијата „Only Murders in the Building“.
Мерил Стрип беше во брак со скулпторот Дон Гамер со години, со кого има четири деца, но во 2023 година беше откриено дека се разделиле неколку години порано. Мартин Шорт беше во брак со Ненси Долман, која почина во 2010 година, три децении, и заедно одгледаа три деца.