ДРАМА ПО ПРИЛЕПСКИТЕ УЛИЦИ Фатен пијан возач без возачка и со 2,01 промили алкохол
Возач од Прилеп се обидел да побегне од полиција, но бил запрен по кратка потера, возел без дозвола и со 2,01 промили алкохол.
Полициски службеници од Прилеп лишија од слобода 45-годишен маж, откако со автомобил се обидел да избега при сообраќајна контрола и бил фатен по кратка потера низ градските улици.
Инцидентот се случил на улицата Кораб, кога полицијата дала знак за запирање на возило „фолксваген голф“, но возачот наместо да застане ја зголемил брзината и се обидел да побегне.
По кратко следење, возилото било запрено, а контролата открила дека зад воланот бил Ф.А. (45) од Прилеп.
При проверките било утврдено дека тој немал возачка дозвола и дека управувал под силно дејство на алкохол. Измерени му биле 2,01 промили во крвта.
Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.