НЕ МОЖЕ ЗА „ПУЛС“ ДА БИДАТ ВИНОВНИ ЛУЃЕ ШТО БИЛЕ НА ФУНКЦИЈА ПРЕД 10 ИЛИ 13 ГОДИНИ! Сите знаевме дека таа дискотека работи, и Кочани и цела Македонија

Не смее да се бара одговорност кај функционери од минатото само за да се смири револтот во јавноста, туку вината мора да се утврдува врз основа на директна причинско-последична врска со трагедијата. Со ставање на сите можни пропусти и поранешни функционери во еден ист предмет, постои ризик целиот случај да падне на суд - вели Оливер Спасовски.

212

Спасовски предупреди дека со ставање на сите можни пропусти и поранешни функционери во еден ист предмет, постои ризик целиот случај да падне на суд.

Пратеникот и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски оцени дека начинот на кој се води истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани отвора сериозни сомнежи за капацитетот на Обвинителството и може да доведе до ново разочарување кај јавноста и семејствата на жртвите.






Во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, Спасовски истакна дека не смее да се бара одговорност кај функционери од минатото само за да се смири револтот во јавноста, туку вината мора да се утврдува врз основа на директна причинско-последична врска со трагедијата.

Дали може градоначалници кои биле на функција во 2012 или 2017 година да носат одговорност за тоа што се случило во 2025 година? Мора да има каузалитет и јасен тек кој ќе гарантира правда – изјави Спасовски.

Тој предупреди дека со ставање на сите можни пропусти и поранешни функционери во еден ист предмет, постои ризик целиот случај да падне на суд.

Спасовски ја отфрли и тезата дека дискотеката работела во „длабока илегала“, нагласувајќи дека нејзиното функционирање било познато за целата јавност.

– Сите знаевме дека таа дискотека работи – и граѓаните на Кочани и луѓето низ Македонија. Истрагата мора да покаже кој и како носел одлуки за нејзиното работење – рече тој.

Поврзани содржини