„ТОПЏИИТЕ“ ВЕЧЕРВА МОЖАТ ДА СТАНАТ АНГЛИСКИ ШАМПИОНИ По 22 години Арсенал чека кикс на Сити за титула
Арсенал го победи Барнли со 1-0 и дојде на чекор до првата титула во Премиер-лигата по 22 години. Лондонскиот клуб вечерва може да стане шампион ако Манчестер Сити не успее да го победи Борнмут.
Арсенал е на чекор до историска титула во Премиер-лигата, откако со минимални 1-0 го совлада Барнли на „Емирати“.
Херој на „топџиите“ беше Каи Хаверц, кој во 37-та минута со удар со глава ја затресе мрежата по корнерот на Букајо Сака.
Германскиот фудбалер го постигна единствениот гол на натпреварот, а Арсенал успеа да ја зачува предноста до крајот.
Со новите три бода, тимот од Лондон стигна до 82 бодови и сега има 5 повеќе од Манчестер Сити.
„Топџиите“ вечерва навиваат за Борнмут
Арсенал вечерва може и математички да ја обезбеди титулата.
За тоа да се случи, Манчестер Сити не смее да го победи Борнмут во натпреварот што почнува во 20:30 часот.
Последна шанса за Сити
Доколку „граѓаните“ кикснат, Арсенал ќе ја прослави првата шампионска титула по 22 години.
Ако Манчестер Сити победи, тогаш шампионската трка ќе се решава во последното коло.
Во тој случај, Арсенал ќе мора да слави на гостувањето кај Кристал Палас за сигурно да стане шампион.