СВРШЕНИЦАТА НА РОНАЛДО СЕ ТРАНСФОРМИРАШЕ ВО РУСОКОСА Георгина Родригез дебитираше со нов блонди изглед во Кан

Освен што го привлече целото внимание со својата фризура, Родригез привлече внимание и со своите впечатливи дијаманти.

77

Георгина Родригез, свршеницата на фудбалерот Кристијано Роналдо, изненади со драстична трансформација на манифестацијата „Women in Motion Awards“ што се одржа во Кан.

Инфлуенсерката се појави на Place de la Castre во склоп на престижниот филмски фестивал, облечена во впечатлива сина кошула под која ѕиркаше црн чипкаст градник.






Комбинацијата ја надополни со црни свечени панталони и елегантни потпетици во иста боја. Што се однесува до накитот, Родригез носеше дијамантска огрлица со сини скапоцени камења и неколку прстени, вклучувајќи го и вереничкиот прстен вреден 3 милиони долари.

Но, најголемата трансформација беше онаа на косата. Позната по својата препознатлива, густа црна коса, свршеницата на Кристијано Роналдо реши целосно да се трансформира и на настанот дебитираше со платинесто руса коса инспирирана од безвременскиот шик, кој веќе е насловен како „French Girl Blonde“.

За оваа драматична трансформација е заслужен познатиот фризер на ѕвездите, Димитрис Јанетос, кој ја стилизираше нејзината коса во долги, волуменозни бранови со патец на средината, каде темниот корен суптилно се претопува во ледените платинести тонови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HOLA! USA (@holausa)

Оваа смела промена веднаш стана главна тема на социјалните мрежи, а многумина се согласуваат дека ова е нејзиното најхрабро модно издание досега.

Поврзани содржини