📽️ ГОЛЕМА БЕЛА АЈКУЛА РАСПАРЧИ ЧОВЕК Хорор на плажа во Австралија, туристите немо гледале

Голем број спасувачи и служби за итни случаи ги гледале полицајците и медицинските лица како се обидуваа да го реанимираат. Сепак, човекот не можел да биде спасен, изјави портпаролот на полицијата.

131

Еден маж почина откако бил нападнат од голема бела ајкула на популарен австралиски туристички остров во близина на Перт, објави Сан.

38-годишниот маж бил нападнат од ајкула околу 10 часот наутро во саботата на островот Ротнест, во близина на Перт, Австралија. Започната е итна операција за спасување и човекот бил однесен со брод до пристаниште во заливот Џорди.






Голем број спасувачи и служби за итни случаи ги гледале полицајците и медицинските лица како се обидуваа да го реанимираат. Сепак, човекот не можел да биде спасен, изјави портпаролот на полицијата.

 

– Полицијата на Западна Австралија ќе подготви извештај за починатиот – додаде тој.

Телото на човекот било ставено на носилка, а потоа префрлено во амбулантно возило. На островот, кој се наоѓа на 19 километри од брегот на Фримантл, пристигнал и хеликоптер за спасување. Одделот за примарни индустрии и регионален развој (DPIRD) соопшти дека добил извештај дека еден човек бил каснат од ајкула долга околу четири метри.

„Surf Life Saving WA“ објави на социјалните мрежи дека петметарска голема бела ајкула е забележана на околу 80 метри од брегот околу 10 часот утрово. „DPIRD“ ги повика луѓето да бидат дополнително внимателни во областите Хорсшу Риф и Марџори Беј.

 

Тие додадоа дека патролен брод ќе ја следи областа. Од посетителите на плажата беше побарано да пријават какви било видувања на ајкули кај властите. Островот Ротнест е заштитен природен резерват и популарна туристичка дестинација.

Инцидентот следува по серија напади од ајкули по должината на брегот на Австралија оваа година. Четири лица беа нападнати во близина на Сиднеј за само 48 часа во јануари.

Поврзани содржини