ПОВЕЌЕ ОД 21% ОД РАБОТНИЦИТЕ ВО ЕВРОПА РАБОТАТ ЗА ВИКЕНД Грција е на врвот, а каде е Македонија

Ангажманот на работниците за време на викенд во голема мера зависат од секторот во кој се вработени. На пример, речиси половина од вработените во услужните работници и продавачите (47,6%) редовно работат за време на викендите, како и работниците во земјоделството, шумарството и рибарството (47,2%) луѓето со елементарни занимања (25,7%) што значи рутински физички работни места кои честопати бараат значителен физички напор.

17

Повеќе од една петтина од работниците во Европа (21,3% ) редовно работат во сабота и недела, пишува според најновите податоци на Евростат за 2025 година. Во некои земји тој удел е значително поголем, особено во Балканскиот и Медитеранскиот регион.

Македонија е над европскиот просек со 26,2% од вработените кои работат за викендите.






Податоците покажуваат дека во Грција има најголем удел на вработени кои работат за време на викендите (31,5%), по што следуваат Кипар (31,3%) и Малта (29,2%).

Во меѓувреме, најниски стапки се забележани во Литванија (3,9%), Полска (4,2%) и Унгарија (6,2%).

Работата за време на викендите била почеста кај работниците во услужните дејности и продажбата (47,6%), квалификуваните земјоделски, шумарски и рибарски работници (47,2%) и лицата со елементарни занимања (25,7%).

Само 18,5% од вработените обично работеле за време на викендите. Спротивно на тоа, уделот бил поголем кај самовработените лица: 45,8% за оние со вработени (работодавци) и 35,9% за оние без вработени (работници за сопствена сметка), како и 45,1% кај неплатените семејни работници.

За самовработени лица со вработени кои работат за време на викендите, Грција имаше најголем удел од 75,0%, по што следуваат Белгија (65,9%) и Франција (61,0%), додека Унгарија (9,9%), Словачка (15,0%) и Полска (15,1%) ги забележаа најниските удели.

Честопати работењето за време на викендите не значи подолго вкупно работно време. Меѓутоа, во случајот со Грција, податоците се во согласност со другите статистики од Евростат кои покажуваат дека Грците работат повеќе часови од кој било друг во ЕУ.

Но, спротивно на фактот дека голем број работници работат за време на викендите, тренд во Европа е и скратувањето на работната недела.

Четиридневна работна недела се тестира во Обединетото Кралство, Германија, Португалија, Исланд, Франција и во Шпанија.

Последната земја што го тестира ова е Полска, брзорастечка економија која исто така се соочува со проблемот на прегорување на работа.

Во летото 2025 година, беше започнат пилот-проект кој има за цел да ја намали работната недела од 39 на 35 часа, без намалување на платите.

Вработените можат да изберат една од трите опции: да работат шест часа на ден, да имаат продолжен тридневен викенд или да добијат дополнителни денови за одмор.

Експериментот, кој го започна Министерството за труд во 90 јавни и приватни компании и кој вклучува околу 5.000 вработени, ќе биде анализиран во 2027 година.

Секое вклучено работно место доби до 210.000 евра субвенции за покривање на евентуални нарушувања во организацијата на смените поради пократко работно време.

Поврзани содржини