БОМБА ОД МАДРИД, „СПЕЦИЈАЛНИОТ“ СЕ ВРАЌА ВО РЕАЛ! По 13 години Мурињо пак на Бернабеу

Жозе Мурињо е на чекор до сензационално враќање во Реал Мадрид, откако според Фабрицио Романо е постигнат договор за двегодишна соработка – по повеќе од една деценија од неговото прво заминување од „Сантијаго Бернабеу“.

204

Жозе Мурињо би можел повторно да седне на клупата на Реал Мадрид, откако познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека португалскиот стратег и шпанскиот гигант постигнале договор за двегодишна соработка.

Според информациите што ги пренесува Романо, 63-годишниот Жозе Мурињо треба да пристигне во Мадрид по одигрувањето на последното коло од Ла Лига, кога Реал Мадрид ќе се соочи со Атлетик на 23 мај.






Доколку информацијата се потврди, ова ќе претставува негово враќање во клубот со кој веќе имаше успешен период помеѓу 2010 и 2013 година. Во тој мандат, Мурињо освои титула во шпанската Ла Лига, како и Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија.

По заминувањето од Мадрид, португалскиот тренер ја продолжи својата кариера во неколку европски гиганти, меѓу кои Челзи, Манчестер Јунајтед, Тотехем, Рома, Фенербахче и Бенфика.

Претседателот Флорентино Перез индиректно ја потврди поддршката за враќањето на Мурињо.

– Тој веќе беше тука и го подигна нашето натпреварувачко ниво – изјави Перез кога беше прашан за Португалецот.

Во Реал веруваат дека првиот мандат на Мурињо од 2010 до 2013 година поставил темели за подоцнежната доминација на клубот во Лигата на шампионите, во која мадридскиот гигант освои четири титули во периодот од 2014 до 2018 година.

Поврзани содржини