РАСТОТ НА ЕКОНОМИЈАТА ЌЕ СЕ ЗАДРЖИ НАД 3,5% Мицкоски вели за повисок раст ни треба консолидирана европска економија

Премиерот смета дека Македонија на странските инвеститори може да им понуди стратешка локација, бидејќи, како што рече, како држава сме раскрсница на два значајни европски коридори – Коридорот 10 кој има за цел да ја поврзи Централна Европа со Медитеранот преку Егејското Море и Коридорот 8 кој треба да ги поврзе Јадранското и Јонското Море со Црното Море.

22

Во периодот што следи треба да се насочиме на производи кои имаат голема додадена вредност за да можеме да го јакнеме и бруто домашниот производ, но и економијата во државата. Очекувам трендот на стапка на раст над 3,5% на реален БДП во услови кога Европа расте под 1% да продолжи во периодот кој следи, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од Виница.

-Со консолидирање на европскиот пазар, кој е нашиот најголем трговски пазар, бидејќи повеќе од две третини од нашата размена е со ЕУ, очекувам да се засили овој раст, а зошто да не да дојдеме до оние посакувани 4 до 5, па и 6% раст на БДП- рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по пуштањето во употреба на новиот градски пазар во Виница.






Премиерот смета дека Македонија на странските инвеститори може да им понуди стратешка локација, бидејќи, како што рече, како држава сме раскрсница на два значајни европски коридори – Коридорот 10 кој има за цел да ја поврзи Централна Европа со Медитеранот преку Егејското Море и Коридорот 8 кој треба да ги поврзе Јадранското и Јонското Море со Црното Море.

-Тоа се два многу значајни коридори и ние сме природна раскрсница. Тоа можат сите странски инвеститори да го користат како предност. Следна предност е искусен и квалитетен кадар кој може да им го понудиме и кадар кој има знаење што е наша компаративна предност во споредба со останатата конкуренција во регионот. Можеме да понудиме уште многу и многу работи, бидејќи граѓаните во Македонија се чесни и работливи луѓе, народ кој сака да работи, народ кој сака да создава и си ја љуби својата земја. Мислам дека тоа многу значи и за инвеститорите – посочи Мицкоски.

Ако се гледаат анализите кои ги објавува Државниот завод за статистика, додаде, од оние нешто под 90 000 невработени во моментов кои бараат активна работа ако се исклучат земјоделците и поедници кои се неколку десеттици илјади, ако се исклучат и средношколците со 15 и 16 години, бидејќи статистичката операција опфаќа граѓани од 15 до 65 годишна возраст, тогаш ќе дојдеме до невработеност која е под 5% дури и пониско.

Поврзани содржини