ГОРИВАТА И НАРЕДНИТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ ОСТАНУВААТ НАЈЕВТИНИ ВО РЕГИОНОТ Мицкоски рече дека не се размислува да се ограничи точењето гориво за странци

Со вчерашната одлука на Владата и во наредните две недели ќе важи намалениот ДДВ од 18 на 10 отсто за бензините и намалената акциза од 4 денари по литар за дизелот и од 2 денара по литар за бензините.

1

Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека вчерашната одлука на Владата за продолжување на мерките за намален ДДВ за бензините и намалени акцизи за дизелот и за бензините до 1 јуни ќе значи дека и понатаму ќе имаме горива со најниски цени во регионот.

-Вчера имавме вонредна онлајн седница на Владата на која до 1 јуни ги продолживме мерките што значат намален ДДВ за бензините и намалени акцизи за бензините и за дизелот. Со тоа ние како држава повторно сме со најниски цени на бензините и на дизел горивата – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по пуштањето нов градски пазар во Виница.






Мислам, додаде, дека така и треба да продолжиме и понатаму.

-Покрај сите ризици и покрај сите предизвици со кои се соочува светот ние во овие речиси три месеци од би рекол најголемата енергетска криза која се има случено не според моето кажување, туку според кажувањето на претседателот на Светската енергетска заедница, како држава не само што успеваме да обезбедиме најниска цена за горивата, туку и практично да им ја понудиме на соседните земји, бидејќи голем дел од нивните граѓани од север, запад и југ доаѓаат кај нас да точат гориво – рече Мицкоски.

Како Влада, порача, ќе продолжиме во таа насока и понатаму.

Со одлуката на Владата и во наредните две недели ќе важи намалениот ДДВ од 18 на 10 отсто за бензините и намалената акциза од 4 денари по литар за дизелот и од 2 денара по литар за бензините.

Поврзани содржини