ДВЕ ТЕТОВСКИ ФИРМИ ОСТАНАА БЕЗ СТРАНСКИТЕ РАБОТНИЦИ Бангладештанците скришум ги напуштиле објектите во кои биле сместени

Тројца од странските работници работеле кај сопственик на фирма од село Доброште, а двајца во задруга во село Челопек.

1

Петмина Бангладештанци кои работеле во две фирми во тетовско вчера избегале од објектите каде што биле сместени.

Сопствениците на фирмите вчера во полиција пријавиле дека странските работници заминале без да ги известат одговорните во фирмите.






Б.Р. од село Доброште пријавил дека три лица- државјани на Бангладеш, се оддалечиле во непознат правец. А.С., А.М. и С.П. биле вработени во приватна фирма во Тетово и имале регулиран престој. Според него, истиот ден кога отишол да ги земе за да ги превезе до работните места, видел дека тие си заминале без да ги известат одговорните во фирмата.

И.Ј. од село Челопек, вработен во земјоделска задруга во истото село, пак, пријавил дека од задругата се оддалечиле две лица- државјани на Бангладеш. К.А. и П.Д. кои  биле вработени во задругата и имале регулиран престој, но истиот ден си заминале без да ги известат одговорните во задругата.

Поврзани содржини