ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ПОСВЕЖО Ќе дува ветер наместа и до 60 километри на час
Во Скопје, променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северозападен правец.
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Претежно во крајните западни и источни региони ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец (наместа над 60 km/h).
Утринските температури ќе се движат меѓу 3 и 8 степени, а дневните ќе достигнат до 23 степени.
Во Скопје, променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северозападен правец.