НЕДЕЛКОВСКИ СЕ ИЗВИНИ НА ЕДНА ЖЕНА, А НАВРЕДИ ДРУГА Извршниот директор на ФК Вардар се пофали со „мажите со префинет вкус“ во клубот

„Во Вардар играат и работат мажи со префинет вкус“, напиша Неделковски во извинувањето во кое сподели слика од тренинг на фудбалерите во која тој е во главен план.

361

Извршниот директор на ФК Вардар Миленко Неделковски по лавината реакции од јавноста и од Министерството за спорт на својот Фејсбук профил се извини за скандалозната прослава на победата на клубот.

Но, извинувајќи се на една жена за која срамно се пеело на прославата о извинувањето Неделковски навреди друга жена.






„Во мое име пред се, а и во име на клубот, и се извинувам на Каролина Гочева бидејки во еуфорична прослава испеавме стандардна, но за жал вулгарна, навивачка песна.

Но, од машка гледна точка, а имајќи ја предвид Битола, кому таква песна да пееме? Нa Весна Бендевска ли?

Во Вардар играат и работат мажи со префинет вкус“, напиша Неделковски во извинувањето во кое сподели слика од тренинг на фудбалерите во која тој е во главен план.

Поврзани содржини