ПРАТЕНИКОТ АЗИЗИ НА ЧЕЛО НА КОМИСИЈАТА ЗА ОДНОСИ МЕЃУ ЗАЕДНИЦИТЕ За Вреди, тоа значи крај на институционалното занемарување
Комисијата ќе биде активен орган, механизам со реално одлучување и со директна одговорност за правична и соодветна застапеност, употребата на јазиците, за образованието и културата, со цел целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор и на Бадинтеровиот принцип, соопшти Вреди.
Со години Комисијата за односи меѓу заедниците беше ставена на маргините, беше ослабена од политиките на ДУИ, соопшти Вреди.
Нејзината улога беше ослабена, додава партијата, ја изгуби реалната тежина во процесите на одлучување, иако произлегува од Охридскиот рамковен договор.
„Од денеска тоа се менува. На чело на комисијата е избран пратеникот на Вреди, Аднан Азизи. Тој ќе предводи нова фаза. Фаза на целосна функционалност и јасна институционална одговорност“, се вели во соопштението на Вреди.
Комисијата повеќе нема да биде формалност, се додава во соопштението.
„Таа ќе биде активен орган. Функционален механизам со реално одлучување и со директна одговорност за правична и соодветна застапеност, употребата на јазиците, за образованието и културата, со цел целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор и на Бадинтеровиот принцип“, соопшти партијата.
Вреди става крај на практиките на институционално занемарување, додава партијата.
„Законот за правична и соодветна застапеност ќе се спроведува со целосна сериозност. Институционалната еднаквост повеќе нема да остане само на хартија“, се вели во соопштението на Вреди.