КИНА ЌЕ КУПИ 200 АВИОНИ „БОИНГ“ Трамп соопшти дека нарачката може да достигне и до 750

Трамп изјави и дека размислува да ги укине санкциите против кинеските компании кои купуваат иранска нафта и дека набрзо ќе донесе одлука за тоа прашање.

101

Кина ќе купи 200 авиони „Боинг“, при што нарачката би можела да достигне до 750, изјави денеска претседателот на САД, Доналд Трамп.

Трамп додаде дека авионите ќе бидат опремени со мотори на „Џенерал електрик“.






Доколку бидат финализирани, нарачките ќе ја означат првата голема зделка на „Боинг“ во Кина по речиси една деценија. во услови на трговски тензии меѓу Пекинг и Вашингтон, американскиот производител на авиони во последниве години во голема мера беше истиснат од вториот по големина авијациски пазар во светот.

Трамп изјави и дека размислува да ги укине санкциите против кинеските компании кои купуваат иранска нафта и дека набрзо ќе донесе одлука за тоа прашање.

Американскиот претседател ја даде изјавата во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“ на враќање кон САД, по дводневната државна посета на Кина.

Тој, исто така, изјави дека би прифатил Иран да ја замрзне својата нуклеарна програма на 20 години, но нагласи дека од страна на Техеран мора да постои „вистинска“ посветеност.

Додаде и дека со својот кинески колега Си Џјинпинг „многу разговарале за Тајван“.

– Тој не сака да види војна за независност. Јас не коментирав, само го сослушав – додаде Трамп.

Според него, нема конфликт на оваа тема. Американскиот претседател изјави и дека не преземал никаква обврска во однос на Тајван.

Пекинг го смета островот како дел од својата територија. САД се најважниот меѓународен партнер на Тајван и негов најголем снабдувач со оружје и покрај тоа што немаат официјални дипломатски односи.

Поврзани содржини