ЈА ИЗБОЛ СОПРУГАТА ДЕСЕТИНА ПАТИ СО НОЖ ДОДЕКА СПИЕЛА Обвинителството бара притвор за осомничениот убиец од Битола

Полцијата денеска информираше дека го уапсила А.Р.(33) од Битола, кој се сомничи дека утрово околу 6.40 часот со нож ја убил неговата сопруга А.В.(31) од Битола.

340

Основното јавно обвинителство Битола отвори истрага против 33-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело Убиство при вршење семејно насилство, квалификувано според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

„Утрово осомничениот ја лишил од живот неговата поранешна вонбрачна партнерка со која имал 4 малолетни деца. Откако се осигурал дека нејзиниот татко не е во домот во кој живеела жената, осомничениот влегол во куќата додека спиела, се доближил до неа и ѝ нанел десетина убоди со нож во телото, од кои таа веднаш починала“, соопшти Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност да избега.

Полцијата денеска информираше дека го уапсила А.Р.(33) од Битола, кој се сомничи дека утрово околу 6.40 часот со нож ја убил неговата сопруга А.В.(31) од Битола.

Според локалните медиуми, убиена е Ајнет Вејсел, која живеела во населбата Баир. Таа подолго време била разделена со сопругот, кој не можел да се помири дека го оставила. Според сведоци, често ја малтретирал, а таа не го пријавувала во полиција.

Поврзани содржини