🎥 БАЛСАМИКО, ЕЛИКСИР БОГАТ СО ХРАНЛИВИ МАТЕРИИ Како да препознаете добар „ацето“ и во што да го додадете

Зачинот кој некогаш беше познат само во регионот Емилија Ромања сега е достапен насекаде во светот, а неговата цена многу варира. Се разбира, најскап е оригиналниот …

51

Оригиналниот балсамико оцет, познатиот aceto balsamico особено во Италија има гурмански статус. Деликатесот полн со вкусови во само неколку капки некогаш се сметал за „чудотворен лек“ што можеле да си го дозволат само богатите, а и денес се подарува како вреден подарок на свечености, особено на свадби.

Еликсирот богат со хранливи материи содржи манган, железо, магнезиум, фосфор и полифеноли, за кои се вели дека го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и рак и го зајакнуваат имунитетот. Се вели дека првпат се споменува во 11 век кога Хенри III, императорот на Светото Римско Царство, добил сребрено шише балсамико како подарок на денот на неговото крунисување.

Зачинот кој некогаш беше познат само во регионот Емилија Ромања сега е достапен насекаде во светот, а неговата цена многу варира. Се разбира, најскап е оригиналниот …

Традиционалното балсамико (Aceto Balsamico Tradizionale) е врвен, гурмански производ со заштитен статус, произведен исклучиво во италијанските региони Реџо Емилија или Модена. Овој еликсир се добива од слатко, локално одгледувано и доцно собрано грозје – често од сортите Lambrusco или Trebbiano кое се вари додека не се намали за околу половина и се ферментира до три недели. Потоа се одлежува најмалку 12 години во мали дрвени буриња од даб, костен, цреша, смрека или дудинка, на што го должи неговиот карактеристичен вкус и арома. Колку е постар, толку е погуст, свилен и побогат.

Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.

Поврзани содржини