ПОСКАПУВАЊЕТО НА АВИОБИЛЕТИТЕ Е НЕИЗБЕЖНО ВО ЕВРОПА Авиокомпаниите не можат да ги издржат зголемените трошоци за гориво на долг рок

Дури и во случај на брзо отворање на Ормускиот теснец, нарушувањата на пазарот на нафта и штетите на рафинериите на Блискиот Исток би можеле да имаат долгорочен ефект врз цените на горивото.

0

Повисоките цени на авионските билети во Европа се „неизбежни“ поради зголемувањето на трошоците за гориво за авиони, предупреди генералниот директор на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), Вили Волш.

Волш рече дека авиокомпаниите не можат да ги апсорбираат зголемените трошоци за гориво на долг рок, иако некои европски компании неодамна ги намалија цените на билетите поради послабата побарувачка.

Тој предупреди на ризиците од снабдувањето пред летната сезона, наведувајќи дека британската авијација би можела да се соочи со потенцијален притисок врз залихите на гориво за време на шпицот на сезоната, иако, како што нагласи, „нема причина за паника“.

Според него, дури и во случај на брзо отворање на Ормускиот теснец, нарушувањата на пазарот на нафта и штетите на рафинериите на Блискиот Исток би можеле да имаат долгорочен ефект врз цените на горивото.

– Едноставно нема начин авиокомпаниите да ги апсорбираат дополнителните трошоци – рече Волш.

Тој додаде дека сите попусти би биле краткорочни и трошоците на крајот ќе бидат префрлени на патниците.

Поврзани содржини