ПОРАНЕШЕН ПОЛСКИ МИНИСТЕР, КОЈ СЕ ГОНИ ЗА КООРУПЦИЈА, ПОБЕГНА ВО САД Варшава во шок, бара објаснување од Вашингтон

Жобро се соочува со затворска казна до 25 години. Обвиненет е за раководење со организирана криминална група, присвојување пари наменети за жртви на криминал, како и за набавка на израелскиот шпионски софтвер „Пегасус“, за неовластено следење комуникации.

108

Полска ќе побара одговори за тоа како поранешен полски министер, обвинет за злоупотреба на службената положба, успеал од Унгарија да отпатува во САД, изјави денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи, откако пропаднаа надежите на Варшава дека ќе му се суди во Полска.

Актуелниот унгарски премиер Виктор Орбан им одобри азил во Унгарија на поранешниот полски министер за правда Збигњев Жобро и на неговиот заменик Марќин Романовски. Жобро се соочува со затворска казна до 25 години во Полска доколку биде осуден. Обвиненијата вклучуваат злоупотреба на службената положба, раководење со организирана криминална група и користење средства наменети за жртви на криминал, за набавка на израелскиот шпионски софтвер „Пегасус“, со цел наводно следење на политичките противници.

Варшава се надеваше дека изборниот пораз на Орбан во април ќе значи дека тие наскоро ќе бидат вратени во Полска. Нивните пасоши биле одземени, а моменталното место на престој на Романовски не е познато.

– Ќе побараме и од САД и од Унгарија правна и фактичка основа врз која Збигњев Зјобро ја напуштил унгарската територија – изјави портпаролот на полското Министерство за надворешни работи, Маќеј Вевјор.

– Особено ќе нè интересира кој документ му овозможил премин на границата и му дал право за влез во САД… Се надеваме дека оваа ситуација ќе се реши и дека нема да влијае врз многу добрите односи меѓу САД и Полска – додаде тој.

Жобро вчера за приватната полска телевизија ТВ Република изјави дека се наоѓа во САД, потврдувајќи ги претходните медиумски извештаи.

Телевизијата, која ја поддржува националистичката партија Право и правда, во чиј мандат Зјобро беше министер, соопшти дека тој ќе работи како политички коментатор.

Жобро е автор на реформите во правосудството за кои Европска Унија тврдеше дека ја намалиле независноста на судството во Полска за време на владеењето на ПиС од 2015 до 2023 година. Тој е обвинет по 26 точки, главно поврзани со злоупотреба на средства од фонд наменет за жртви на кривични дела за политички цели.

Поврзани содржини