ГИ ФАТИЛЕ ВО КРАЖБА НА ЧОКОЛАДНО МЛЕКО И ГИ ТЕПАЛЕ? Газда на маркет и вработена пријавени за малтретирање деца
Во пријавата се наведува дека по настанот, сопственикот на маркетот и едно женско лице физички ги нападнале и малтретирале децата.
Случај на наводно физичко малтретирање на малолетници се истражува во Охрид, по пријава поднесена до СВР.
Според полициските информации, во саботата вечерта во СВР Охрид, три лица на возраст од 45, 45 и 35 години, сите од Охрид, пријавиле дека околу 17:00 часот истиот ден нивните малолетни деца биле физички малтретирани, откако наводно биле фатени во обид да украдат чоколадно млеко од маркет во градот.
Во пријавата се наведува дека по настанот, сопственикот на маркетот и едно женско лице физички ги нападнале и малтретирале децата.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности околу инцидентот.