ПУТИН НАЈАВИ ПРИМИРЈЕ, НО И СЕ ЗАКАНИ ПОРАДИ ПАРАДАТА Kиев не исклучува нов напад со дронови?

Рускиот лидер најави прекин на огнот за 8 и 9 мај, додека Киев не ја исклучува можноста за напади врз парадата во Москва.

418

Рускиот лидер Владимир Путин најави дводневен прекин на огнот по повод Денот на победата. Прекиног на огнот треба да важи на 8 и 9 мај. Во истото соопштение, Москва предупреди дека ќе одговори со масовен напад врз Киев ако Украина се обиде да ги наруши прославите за денот на историската победа над нацистичка Германија.

„Досега се воздржувавме од такви акции од хуманитарни причини“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Руското Министерство ги повика цивилите во Киев и персоналот на странските мисии да го напуштат градот навреме.

Овој апел доаѓа во момент на засилени тензии и неизвесност околу празничниот период.

„Не се толку силни како порано“

Володимир Зеленски изјави дека украинските дронови би можеле да ја нападнат парадата во Москва, напиша претходно Киев Пост.

– Ова покажува дека тие повеќе не се толку силни како порано – рече Зеленски.

Тој додаде дека според најавите, годинава на парадата нема да има тешка воена опрема.

Удар во срцето на Русија

Информациите за дводневно примирје меѓу Киев и Москва доаѓаат кога руските Телеграм канали, меѓу кои и „Маш“, објавија дека украински дрон погодил станбен облакодер на улицата Мосфилмовска.

Според тие информации, уништени се ѕидови во три простории на 36-от кат. Дел од фасадата се урнал врз паркиран автомобил.

Остатоци и скршено стакло биле расфрлани низ околината.

Руските власти потврдија дека имало удар врз објект во Москва, додавајќи дека ваквите напади се ретки во централното градско подрачје.

Првпат парада без оружје?

Парадата на 9 мај на Црвениот плоштад се очекува да биде значително редуцирана. Според најавите, нема да бидат прикажани тенкови, ракетни системи или артилерија.

Ова е прв ваков случај по повеќе години и се поврзува со безбедносните ризици од напади со беспилотни летала.

Се очекува присуство на неколку странски лидери на настанот. Во Москва се воведени засилени безбедносни мерки, особено околу централните локации и Црвениот плоштад

Поврзани содржини