📽️ УЖАС СРЕДЕ ЛАЈПЦИГ Автомобил влета во толпа, има жртви

Теренец се забил во пешачка зона во центарот на Лајпциг. Полицијата потврди дека има жртви и апелираше за расчистување на улиците.

335

Драма се одвивала во центарот на Лајпциг каде автомобил влетал во толпа луѓе среде улица. Според локални медиуми, загинале две лица, а најмалку две се тешко повредени.

Полицијата потврди дека има повредени, но првично не соопшти детали за бројот на жртви.

Станува збор за теренец од марката „Фолксваген“, кој се движел со голема брзина низ пешачка зона. Сведоци тврдат дека на местото имало тела покриени со чаршафи. Се споменуваат и наводи за напад со нож, но тие информации засега не се потврдени.

 


Полицијата соопшти дека возачот е уапсен и не претставува опасност.

„Во центарот на Лајпциг моментално е во тек полициска интервенција. Оставете слободни премини за службите за итни случаи и следете ги упатствата“, објави полицијата.

Настанот се случил на улицата „Гримајше. Возилото се обидело да избега.

Официјалните информации сè уште се ограничени. Мотивите и точниот тек на настанот се предмет на истрага.

 

Поврзани содржини