ДРАМА НА СНИМАЊЕТО НА „БЕЛИОТ ЛОТУС“ Познатата актерка ја напуштила серијата поради конфликт со колешка!
Студиото тврди дека причината биле креативните разлики, додека гласините споменуваат тензии меѓу членовите на екипата
Актерката Хелена Бонам Картер ја напушти серијата „Белиот лотос“ само девет дена откако започна снимањето на четвртата сезона.
Таа се откажа од серијата поради очигледни креативни разлики меѓу неа и режисерот, а телевизиските шефови инсистираат дека Картер и авторот Мајк Вајт се согласиле на раскинување на договорот поради несогласувања околу нејзиниот лик.
Сепак, деновиве се појавија разни шпекулации за „вистинската“ причина за нејзиното заминување. Еден извор сугерираше дека ѕвездата од „Хари Потер“ го напуштила проектот поради „конфликт“ со една од нејзините колешки.
– Се шпекулира дека Хелена заминала поради конфликт со Сандра Бернхард – рекол изворот, пренесува Дејли Меил.
Сепак, блиските до актерката го негирале тврдењето, инсистирајќи дека двете актерки никогаш не се сретнале. Сепак, тие одбиле да кажат што се случило.
Хелена беше првото големо име кое потпиша договор за четвртата сезона од хит серијата, која во претходните сезони ги следеше авантурите на различни групи ликови во луксузни одморалишта. Секоја сезона беше сместена на различна локација и имаше нова екипа. Четвртата сезона ќе се одвива претежно во замокот Ерел де ла Месардиер во Сен Тропе, на југот на Франција.
Во новата сезона, меѓу другите, ќе глумат Стив Куган и Хедер Греам.
HBO издаде соопштение во врска со заминувањето на актерката, инсистирајќи дека таа го напуштила тимот затоа што ликот што го создал Вајт „не се усогласил со неа на снимањето“.
– Улогата дополнително се преиспитува, моментално се препишува и ќе биде повторно доделена во наредните недели. HBO, продуцентите и Мајк Вајт се тажни што не можат да работат со неа, но остануваат големи обожаватели и искрено се надеваат дека наскоро ќе соработуваат со легендарната актерка на друг проект – рекле тие.
Заминувањето на ѕвездата од серијата предизвика лавина од реакции, а многу фанови беа непријатно изненадени.