ИЗЛЕТАЛА ОД ПАТОТ СО ВОЗИЛО, ПА СЕ ПРЕВРТЕЛА Тешко повредена жена итно пренесена во болница

Возило „фиат“ излетало од експресниот пат А2 кај селото Петралица и се превртело, при што 32-годишна жена од Крива Паланка се здобила со тешки повреди.

178

Жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила на експресниот пат А2, во близина на селото Петралица, во општина Ранковце.

Според информациите, несреќата се случила околу 16:30 часот кога патничко возило „фиат“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 32-годишната А.Ц.М. од Крива Паланка, излетало од коловозот и се превртело.

Во несреќата возачката се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општа болница Куманово.

По наредба на јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила екипа од полицијата, а причините за излетувањето од патот се утврдуваат.

Поврзани содржини