ДЕН Д ВО СРЕДА, ПРОПАДНАА ПРЕГОВОРИТЕ? Трамп испраќа мешани пораки,„ќе преговараат, ќе гаѓаме…“

Примирјето меѓу САД и Иран истекува во среда, додека преговорите остануваат неизвесни. Доналд Трамп обвинува за прекршувања, но најавува нови разговори. Додека пратеникот на Трамп Стив Виткоф патува во Пакистан на разговори, иранската страна уште не испратила делегација.

363

Претседателот на САД Доналд Трамп на својата социјална мрежа изјави дека Иран „постојано го крши прекинот на огнот“, додека примирјето истекува во среда и преговорите за траен договор остануваат неизвесни.

Трамп најави воена акција доколку нема договор со Иран.

– Не сакаме да го правиме тоа (да го продолжиме примирјето). Немаме толку многу време – рече лидерот на САД.

Шефот на САД не даде дополнителни детали за наводните прекршувања. Истовремено Трамп испраќа мешани сигнали за иднината на разговорите. Вели дека договор е можен, но не е сигурен.

Изјавите доаѓаат во време кога САД запленија втор брод во Ормускиот Теснец.

Според Трамп, американската војска го искористила периодот на прекин на огнот за да ги надополни залихите од опрема и е подготвена да продолжи со нападите врз Иран доколку тој даде наредба.

Ќе преговараат“

– Тие (во Иран) ќе преговараат, а ако не го сторат тоа, ќе имаат проблеми какви што никогаш порано не виделе – изјави Трамп во краток телефонски разговор за „Тhe John Fredericks Show“.

Тој додаде дека верува во фер договор. Посочи дека Иран може да ја обнови својата земја. Нагласи дека Иран нема да поседува нуклеарно оружје ако се постигне договор.

САД и Иран пред две недели постигнаа привремено примирје за да преговараат. Делегации се сретнаа во Исламабад, но тогашните разговори завршија без договор.

Виткоф оди во Исламабад?

Иран засега не испратил нова делегација во Илсамабад. Државните медиуми наведуваат дека нема претставници во Пакистан. Властите велат дека нема да преговараат под притисок.

Трамп најави дека ќе испрати преговарачки тим. Го предводи потпретседателот Џеј Ди Венс. Се очекува разговорите да продолжат.

Меѓу претставниците кои се очекува да пристигнат е специјалниот пратеник Стив Виткоф. Тој веќе учествуваше во други мировни процеси. За Виткоф се пишува дека постојано има директен контакт со претседателот.

Теснецот стегнат, сообраќајот заглавен

Сообраќајот низ Ормускиот теснец останува ограничен. Само 12 бродови поминале во последните 24 часа. Уште толку чекаат во регионот.

Иран претходно го затвори теснецот за време на конфликтот. Подоцна беше делумно отворен. Сега повторно има ограничувања.

Овој воден пат пренесува околу една петтина од светската нафта. Секое нарушување има глобални последици. Пазарите внимателно следат.

Иран без интернет речиси два месеца

Прекинот на интернетот во Иран трае 53 дена. Организацијата Нетблокс наведува дека станува збор за речиси целосна изолација. Тоа е над 1.200 часа без пристап.

Ова ја усложнува комуникацијата во земјата. Влијае и врз информациите од терен. Ситуацијата останува затворена.

Ураниумот и Теснецот – камен на сопнување

Првата рунда разговори пропадна пред десет дена. Техеран се повлече поради американски потези. Спорот останува отворен.

Главна тема е нуклеарната програма. САД бараат Иран да се откаже од збогатување на преостанатите 400 килограми ураниум. Техеран тоа го одбива. Медиумите пишуваа за можен договор за паузирање на збогатувањето на ураниумот.

Второто прашање е Ормускиот теснец, клучната поморска рута преку која поминува 20% од светската нафта. Иран бара олеснување на санкциите од САД, додека САД бараат целосно отворање на сообраќајот.

ИРАН НЕ ИСПРАТИ ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ИСЛАМАБАД Нема да преговора додека САД не ја тргнат блокадата

 

Поврзани содржини