ПРИЗНА ДЕКА ЗЕЛ 50.000 ЕВРА ЗА ПОВОЛНА ПРЕСУДА, МУ СЕ „ЗАКАНУВААТ“ 15 МЕСЕЦИ ЗАТВОР!? Адвокатот Фехми Стафа се спогодил со обвинителството

Предметот во кој требало да интервенира Стафа се однесува на лицето Љупчо Пецов, познат како Ѓаволот, кој подолг период беше недостапен за органите на прогонот поради истрага за даночно затајување.

468

Поранешниот државен правобранител и актуелен адвокат Фехми Стафа признал вина за делото за кое се гони и е во притвор, потврдија од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за Телма.

Според информациите, доцна попладнево е склучена спогодба меѓу обвинителството и Стафа, по што тој признал вина за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“. Со спогодбата е предвидена затворска казна од 1 година и 3 месеци, но таа треба да биде потврдена од надлежен суд.

Стафа беше уапсен во декември, откако бил фатен со пари кои ги примил од сестра на негов клиент. Според истрагата, освен 20.000 евра што му биле пронајдени, тој наводно барал и добил вкупно 50.000 евра за да посредува и да влијае врз одлука на апелациски судија.

Предметот во кој требало да интервенира се однесува на лицето Љупчо Пецов, познат како Ѓаволот, кој подолг период беше недостапен за органите на прогонот поради истрага за даночно затајување.

Според наводите, Стафа тврдел дека може да обезбеди поволен исход во постапката, но наместо тоа беше приведен и помина повеќе од четири месеци во притвор, по што го признал делото.

Во меѓувреме, Пецов доби мерка домашен притвор поради здравствена состојба, како и засилено полициско обезбедување.

Со случајот е поврзана и посебна истрага за апелациски судија, во која се испитуваат други околности и можни поврзаности. Истрагата е во тек.

Поврзани содржини