📽️ АВТОМОБИЛ ШТО ЛЕТА ДОБИ 2.000 НАРАЧКИ Кина почнува со масовно производство на возила на иднината

Кинеска компанија најави нов концепт летечки автомбили со одвоени возило и летало. Системот веќе привлекува илјадници нарачки и отвора нова ера во транспортот.

568

Кина прави сериозен чекор кон иднината на транспортот, со почеток на масовно производство на летачки автомобили.

Наместо класично „две во едно“ решение, компанијата „Икспенг аероХТ“ разви сосема поинаков пристап, „две тела, една функција“.

Компанијата  претстави модуларен систем составен од копнен носач и одделно летало. Таканаречениот „матичен брод“ е возило со 6 тркала кое во себе носи мало летало за две лица.

Со едно копче, леталото се одвојува и започнува самостоен лет. Враќањето во возилото трае околу пет минути.

Лета со и без пилот

Системот има висок степен на автономија. Леталото може самостојно да полета, да ја следи рутата и прецизно да слета.

Поддржан е и рачен режим, со поедноставена контрола. Основната обука за управување трае околу три часа.

Максималната брзина достигнува околу 360 километри на час. Со едно полнење се овозможуваат 5 до 6 летови. На копно, возилото има автономија до 1.000 километри.

2.000 нарачки, цена од 276.000 долари

Интересот на пазарот е силен уште од самиот почеток. Регистрирани се повеќе од 2.000 нарачки по првата демонстрација.

Цената на возилото се проценува на околу 276.000 долари.

10.000 автомобили годишно

Компанијата веќе гради производствен погон во Гуангжу. Планираниот капацитет е до 10.000 летечки автомобили годишно.

Првите испораки се очекуваат во текот на 2026 година.

Поврзани содржини