26 МИЛИОНИ ИРАНЦИ СЕ ПРИЈАВИЛЕ КАКО ДОБРОВОЛЦИ ВО ВОЕНА СЛУЖБА Кампањата е наречена „Жртвувај го својот живот“
Волонтерите треба да бидат распоредени заедно со Револуционерната гарда и армијата. Планирани се и човечки синџири за заштита на потенцијални цели.
И покрај моменталниот прекин на огнот во војната со САД и Израел, повеќе од 26 милиони луѓе доброволно се пријавиле за воена служба, јави ДПА повикувајќи се на иранските медиуми.
Веста доаѓа како дел од кампањата наречена „Жртвувај го својот живот“, објави денеска државниот радиодифузер Иранската револуционерна гарда во среда.
Во Иран живеат околу 90 милиони луѓе, потсетува германската агенција.
Според државното радио, волонтерите треба да бидат распоредени заедно со Револуционерната гарда и армијата. Планирани се и човечки синџири за заштита на потенцијални цели.
Според ИРГ, меѓу лицата кои се пријавиле и регистрирале за воена служба се и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, повеќето од неговите министри, како и бројни функционери, спортисти и уметници.
Влијателниот претседател на парламентот, Мохамед Багер Галибаф, исто така е регистриран како доброволец, пренесува ДПА.