ФИЛИПЧЕ НАМЕСТО ДА ГО ОПРАВИ СДСМ, ВРЕМЕТО ГО ТРОШИ НА ИЗМИСЛУВАЊЕ ПРИКАЗНИ Не отиде во Дубаи за продолжениот викенд, ама си најде друга забава
Наместо консолидирање на СДСМ, која е на раб на исчезнување поради другарувањето со Заев, Филипче се втурна во пишување соопштенија за изборите во Унгарија и победата на Петер Маѓар и неговата Тиса, притоа измислувајќи некакви приватни бизниси меѓу Македонија со веќе опозиционерот Виктор Орбан, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Венко Филипче, ако се одмори за продолжениот празничен викенд, посвети се на консолидирање на СДСМ и огради се од криминалите на Зоран Заев, не се троши со измислување приказни, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Венко Филипче и неговиот другар и ментор Зоран Заев очигледно овој продолежен празничен викенд поради кризата на Блискиот Исток беа спречени да заминат во Обединетите Арапски Емирати за да уживаат, но, Филипче очигледно нашол друга дестинација, соопшти партијата.
„Наместо тоа, подобро ќе беше за него и за неговото раководство да седнат и да поработат, да ја извадат СДСМ од живата кал во која ја втурнаа. А излезот од ова е едноставен, јасно оградување од матните зделки и криминали на Заев додека СДСМ беше на власт. Филипче може да почне со оградување од сомнителните пријатели и матни бизнис партнери на Заев како Миодраг Дака Давидовиќ, Александар Онишченко, Борче Марковски… Да не ги набројуваме сите вклучени во криминалните шеми на Заев“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Секако, сето ова треба да биде предмет на разгледување и процесуирање од страна на надлежните правосудни институции, се додава во соопштението.
„И наместо оградување и консолидирање на СДСМ, која е на раб на исчезнување поради другарувањето со Заев, Филипче се втурна во пишување статуси на социјалните мрежи, пишување соопштенија за изборите во Унгарија и победата на Петер Маѓар и неговата Тиса, притоа измислувајќи некакви приватни бизниси меѓу Македонија со веќе опозиционерот Виктор Орбан“, се вели во соопштението.
Да му повториме и во оваа прилика, се додава во соопштението, меѓу Македонија и Унгарија има вообичаена официјална комуникација и соработка меѓу две држави во различни области.
„Добронамерен апел до Филипче, не измислувај, фати се за работа и консолидирај ја СДСМ. На секоја држава, како и на Македонија ѝ треба функционална опозиција“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.