ШТО ДА ПРАВИМЕ СО ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ЈАЈЦА? Еве како да ги искористите преостанатите варени празнични јајца

Велигденските празници завршија и на сите ни останаа барем по неколку варени јајца во кујната. Еве неколку идеи како да ги искористите на повкусен начин.

132

За Велигден сите знаеме малку да претераме со варените јајца и иако секогаш ни се чини дека сме бојадисале премалку, редовно ни остануваат толку многу што не знаеме како да ги дојадеме.

Секоја година наоѓаме нови и интересни рецепти за тоа како да ги искористите јајцата што ви останале, а тоа да бидат разновидни, здрави, вкусни и пред се, едноставни оброци.






Еве неколку предлози:

Пилешка салата

Состојки:

зелена салата
300 г варено бело месо
2 тврдо варени јајца

За преливот:

2 чаши јогурт
1 лажица сенф
Половина лажица суви зачински билки
2 лажици мајонез

Приготвување:

Добро измешајте ги состојките за преливот. Измијте ги листовите зелена салата и исечкајте ги во сад за салата. Одозгора ставете сечкано бело месо и јајцата исечени на тркалца. Прелијте ја салатата со подготвениот прелив.

Уште неколку едноставни и вкусни рецепти побарајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини