МЕРЦ ГО ПОВИКА НЕТАНЈАХУ ДА ПРЕКИНАТ БОРБИТЕ ВО ЈУЖЕН ЛИБАН Бејрут и Тел Авив на први директни преговори по децении

Во телефонски разговор гермнаскиот канцелар Фридрих Мерц му порачал на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека Германија поддржува разоружување на милитантната група Хезболах.

154

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц во телефонски разговор го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да прекинат борбите во јужниот дел на Либан и да почнат директни мировни преговори.

Портпаролот на германската Влада, Штефан Корнелиус, соопшти дека Мерц ја истакна потребата од деескалација и го охрабрил Нетанјаху да почне директен дијалог со либанските власти. Притоа Мерц ја нагласи и потребата од разоружување на милитантната група Хезболах.






Во меѓувреме, германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, разговарал со неговиот либански колега, Јусеф Раџи.

Од германското Министерство за надворешни работи оценија дека директните разговори меѓу Израел и Либан може да бидат важен прв чекор кон иднина во која ќе бидат почитувани безбедносните интереси на Израел и суверенитетот и територијалниот интегритет на Либан.

Во соопштението на МНР се наведува дека нападите на Хезболах врз Израел мора да запрат, а истовремено се повикува и израелската армија да се воздржи од напади врз цивилите и цивилната инфраструктура.

За вечерва во Вашингтон се закажани непосредни разговори меѓу претставници на Израел и на Либан, што се први официјални контакти од таков вид по неколку децении.

Израел и Хезболах, кој има силно влијание врз политичкиот и општествениот живот во Либан, по вторпат во последните две години се во отворен оружен конфликт, а израелската армија распореди копнени сили во јужниот дел на соседната земја.

Израел се залага за траен мировен договор со Либан и за целосно разоружување на Хезболах, додека либанската Влада настојува да обезбеди прекин на огнот во конфликтот што започна на 2 март, како и повлекување на израелските трупи од јужен Либан. Хезболах, кој не учествува во разговорите, засега ги отфрла израелските барања.

Поврзани содржини