ПОЧИНА ТАТКОТО НА МАТЕ РИМАЦ Без кредитот од татко му ќе ја изгубел компанијата „Римац аутомобили“

Како што своевремено раскажа Мате Римац, на компанијата ѝ се заканувала пропаст откако во 2009 година инвеститори од Обединетите Арапски Емирати се откажале од вложувањето. Компанијата ја спасил кредитот што Мате Римац го добил од татко му.

1,591

Иван Римац, таткото на Мате Римац, почина вчера на 64-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја потврди семејството, објавија хрватските медиуми.

„Во име на семејството Римац можеме да потврдиме дека нашиот сакан сопруг, татко и дедо Иван Римац почина вчера во својот дом во Самобор. Семејството моли за приватност во овие тешки моменти“, соопшти семејството.






Клучна улога во компанијата на синот

Иван Римац одигра клучна улога во почетоците на компанијата „Rimac Automobili“, како прв позначаен инвеститор во проектот на својот син Мате. Тој го обезбеди почетниот капитал кој овозможи изработка на првите прототипови и со години беше на чело на Надзорниот одбор на компанијата, позиција од која подоцна се повлече.

– Против татко ми се водеа два процеса и тој беше ослободен од сите обвиненија. Секогаш работеше чесно и коректно. Никогаш не работеше со државата и во ниту една земја не е осуден – рече Мате Римац во октомври 2017 година, неколку години пред татко му да биде осуден.

Римац тогаш во емисијата „Во недела во 2“ изјави дека неговиот татко работел на градежни објекти во Германија, додека мајка му чистела хотели. Во Хрватска, поточно во Самобор, се преселиле во 2000 година. Неговиот татко во судот во Пожега тврдеше дека се преселиле во 2003 година, а пред тоа само повремено доаѓал во Хрватска за да ги испита можните инвестиции.

– Татко ми ми даде кредит кој му го вратив до последната липа – рече Мате.

По преселбата во Хрватска, Иван Римац ја основа градежната компанија „RIMC“, која на својот врв имаше десетици милиони евра приходи. Набрзо и неговиот син ја основа сопствената компанија „Rimac Automobili“.

Како што своевремено раскажа Мате Римац, на компанијата ѝ се заканувала пропаст откако во 2009 година инвеститори од Обединетите Арапски Емирати се откажале од вложувањето. Компанијата ја спасил кредитот што Мате Римац го добил од татко му.

– Без него немаше да бидам мнозински сопственик на компанијата, ниту компанијата ќе беше во Хрватска. Татко ми ми ги даде првите пари. Да не беше тој, ќе мораше да најдам инвеститори порано и ќе ја изгубев контролата врз компанијата – рече Мате гостувајќи кај Александар Станковиќ во емисијата „Во недела во 2“ на ХРТ.

Правосилна пресуда за злоупотреба на довербата

Бизнис кариерата на Иван Римац ја одбележа и долготраен судски процес поврзан со компанијата „Slavonija DI“ од Славонски Брод, која ја презеде во 2002 година. Во јуни 2024 година беше правосилно осуден на три години затвор поради злоупотреба на довербата во економското работење. Почетокот на издржувањето на казната му беше одложен поради здравствени причини.

Тој требаше во јануари оваа година да се јави на издржување на казната. Ова тогаш беше потврдено од Жупанискиот суд во Велика Горица, до кој Римац во меѓувреме поднесе ново барање за одложување на заминувањето во затвор.

Првото барање му беше одбиено и му беше наложено на 26 јануари да се јави во Центарот за дијагностика. Потоа Римац му испратил на судот дополнителна медицинска документација од која, како што потврди судот, било видливо дека завршил на операција.

– Му беше вграден стент, па со оглед на таа нова медицинска документација, осуденикот поднесе и жалба на решението со кое беше одбиено барањето за одложување на извршувањето на затворската казна. Судијата за извршување повторно ја достави новата медицинска документација на мислење до Затворската болница во Загреб – изјави за Индекс.хр во јануари претседателката на Жупанискиот суд во Велика Горица, Корнелија Калај Блажековиќ.

Правосилна пресуда за злоупотреба

Иван Римац во јуни 2024 година беше правосилно осуден за две злоупотреби на довербата во економското работење. Доби безусловна казна од три години затвор и обврска да плати 663,61 евра паушален трошок.

Му се судеше за извлекување пари од „Slavonija DI“, компанија од Славонски Брод која се занимаваше со преработка на дрво. Обвинението беше покренато уште во јули 2013 година, а неправосилната пресуда беше донесена на 24 октомври 2023 година. Беше прогласен за виновен бидејќи во 2002 година во компанијата „Slavonija DI“, каде што беше заменик-претседател на Надзорниот одбор, повеќе пати договорил зделки со кои „Slavonija DI“ изгубила пари, кои потоа биле префрлени во компанијата „Rim i Zov“.

 

Поврзани содржини