ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО АЕРОДРОМ Двајца вработени се пресметале по расправија

Двајца вработени во хотел во Аеродром се физички пресметале по расправија околу работните задачи, соопшти полицијата.

636

Физичка пресметка меѓу двајца вработени во хотел во скопската општина Аеродром синоќа го нарушила јавниот ред и мир, откако претходно дошло до расправија околу работните задачи.

Инцидентот бил пријавен во СВР Скопје околу 22:30 часот, кога пред хотел на подрачјето на Аеродром дошло до физичка пресметка меѓу двајца скопјани – 28-годишниот Ф.И. и 36-годишниот Б.М., кои работат во истиот хотел.






Според информациите, расправијата меѓу нив прераснала во тепачка, по што бил нарушен јавниот ред и мир.

По целосно документирање на случајот, против инволвираните ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани содржини