БЕЗ ЦЕЛ, НЕМА ДОЛГ ЖИВОТ! Не се пензионирајте, движете се и помагајте им на другите
Едно од најпознатите и контроверзни тврдења на еден од најпознатите јапонски лекари и експерти за долговечност, кој живеел 105 години, било дека луѓето се пензионираат прерано. Според него, старосната граница од 65 години е застарена и повеќе нема смисла во денешниот свет. Една од најважните идеи што ги застапувал е дека животот без цел води кон побрзо стареење.
Со години слушаме исти приказни – нова диета, нов режим, нови правила кои ветуваат брзи резултати. Една недела го исфрламе лебот, следната броиме калории, третата бараме „совршена формула“ за здрав живот. Но, што ако одговорот воопшто не е во рестрикциите, туку во начинот на кој го живееме секој ден?
Тука секогаш ме враќа едно лично искуство. Работејќи и живеејќи во странство, опкружена со колеги од Јапонија, Кина и Кореја, забележав нешто што не може да се игнорира. Овие луѓе не зборуваат постојано за диети, не го мерат секој оброк, но во најголем дел се витки, подвижни и неверојатно витални. Јадат разновидна храна, но умерено. Постојано се движат – без разлика дали станува збор за одење, вежбање во паркови или едноставно не мируваат, пишува Марина Кнежевиќ Петковиќ за „Слободна Далмација“.
Најпознатиот доктор
Токму ова ме поттикна да почнам да ги истражувам нивните навики. И многу брзо, во овој контекст, наидов на име кое постојано се споменува кога се зборува за долговечност – Шигеаки Хинохара, еден од најпознатите јапонски лекари и експерти за долговечност, кој живеел 105 години. Но, она што го прави посебен не е само неговиот долг живот, туку начинот на кој го живеел – активно, дисциплинирано и без да биде опседнат со правилата што доминираат денес.
Работел речиси до самиот крај и оставил зад себе едноставна, но моќна филозофија: долговечноста не е резултат на една одлука, туку начин на живот.