БЕЛО ЗЛАТО Поради неа во историјата се воделе војни, Французите ја криумчареле, а Венеција се изградила благодарение на неа

Солта денес често се смета за обичен зачин, но низ историјата имала огромно влијание. Била клучна за зачувување на храната пред појавата на фрижидери, па затоа областите богати со сол станувале центри на моќ и богатство – од Кина до Медитеранот.

62

Солта денес често се смета за обичен зачин, но низ историјата имала огромно влијание. Била клучна за зачувување на храната пред појавата на фрижидери, па затоа областите богати со сол станувале центри на моќ и богатство – од Кина до Медитеранот.

Во некои градови солта создала цели економии. Кинескиот Зигонг станал познат по напредни техники на дупчење и вадење солена вода уште во античко време, додека Јангџоу процветал како трговски центар за сол, каде трговците генерирале огромен дел од државните приходи и финансирале културен развој, пишува Ancient war history.






Поради својата вредност, солта често била под строга државна контрола. Во древна Кина биле воведени монополи за да се полни државната каса и да се финансираат војни. Но тоа доведувало и до бунтови, криумчарење и политички конфликти – слично како во Европа, каде даноците на сол предизвикувале незадоволство кај народот.

Солта имала и културна улога: се користела во ритуали, симболизирала моќ и богатство, а дури влијаела и на јазикот (на пр. латинското salarium). Во исто време, често била извор на нееднаквост бидејќи даноците најмногу ги погодувале сиромашните.

Во модерното време солта станала евтина и широко достапна благодарение на индустриското производство. Денес најмногу се користи во индустријата, а не само во исхраната.

Уште интересни информации за солта прочитајте на „Арт кујна“.

Поврзани содржини