ЕДНА ЛОША НАВИКА НА ТРПЕЗАТА Е ПОВРЗАНА СО СЕРИОЗНИ БОЛЕСТИ Досолувањето прави до 20 отсто од вкупниот дневен внес на сол

Овој зачин додаден во јадењето по приготвувањето на храната може да сочинува од 6 до 20 отсто од вкупниот внес на сол

49

Солта се користи како зачин и конзерванс илјадници години и без неа тешко може да се замисли секојдневната исхрана. Но, претерувањето може сериозно да му наштети на здравјето и да доведе до висок крвен притисок, кардиоваскуларни заболувања и болести на бубрезите.

World Health Organization препорачува возрасните да не внесуваат повеќе од пет грама сол дневно – вклучувајќи ја и солта што веќе ја има во храната и онаа што дополнително ја додаваме. Сепак, досолувањето на храната по подготовката може да учествува со дури 6 до 20 проценти од вкупниот дневен внес.

Мажите почесто посегнуваат по солта

 

Бразилски научници се обиделе да откријат кој најчесто ја додава солта отпосле, на трпеза. Истражувањето, објавено во списанието Frontiers in Public Health, покажало дека оваа навика е почеста кај постарите лица – особено кај мажите.

– Додавањето сол во јадењата, кога се тие веќе на трпезата е и натаму релативно честа навика, почеста кај мажите отколку кај жените. Кај жените, пак, е поврзано со поширок спектар социјални и прехранбени фактори – објаснува авторката на студијата, Флавија Брито.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини