ФРАНЦУСКИ ВЕЛОСИПЕДИСТ СЕ „ЗДРОБИЛ“ НА ТУРИСТИЧКА ВО ОХРИД Удрил во застанато возило

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.

221

На улицата Туристичка во Охрид француски државјанин на 17-годишна возраст, возејќи велосипед вчера попладне удрил во запрено патничко возило „сузуки“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на И.Д.(41) од Охрид.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. По наредба јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид“, информира МВР.

Поврзани содржини