БАРААТ ДА ПОЛАГААТ ПРАВОСУДЕН ИСПИТ НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК Протест на студенти во Скопје

Студентите побараа оставка од министерот за правда, Игор Филков, инсистирајќи на почитување на законските одредби и обезбедување рамноправност.

439

Во Скопје денеска се одржа студентски протестен марш на кој албанските студенти протестираа поради неспроведување на Законот за употреба на јазиците при полагањето на правосудниот испит.

Маршот започна од плоштадот „Карпошово востание“, продолжи преку Камениот мост и заврши пред Министерството за правда.






Студентите побараа оставка од министерот за правда, Игор Филков, инсистирајќи на почитување на законските одредби и обезбедување рамноправност.

– Нема држава без млади луѓе – порачаа демонстрантите, нагласувајќи дека нивната борба е за правда и еднакви права.

Поврзани содржини