КОМУ МИЦКОСКИ ЌЕ МУ КАЖЕ „ОДИШ ОД ВЛАДА“? Прво ќе се чисти владиниот состав на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и на коалициските партии
Премиерот очекува дека до крајот на април или почеток на мај да ја затвори внатрешната структура и потоа, во мај-јуни, ќе се посвети на меѓукоалициските договори, на кадровските поместувања, освежувања, институционални рокади.
Да се стрпиме неколку недели или месеци. Додека не бидам сигурен во она што го зборувам, нема да кажам ниту име ниту процес – одговори премиерот Христијан Мицкоски на прашањето дали ќе има промени во владиниот состав и има ли министри од чија работа не е задоволен.
Како што рече, до крајот на април и почетокот на мај ќе се фокусираат на реструктурирање во партијата што ја предводи, а потоа, во мај-јуни, ќе се посветат на евентуални промени и на договори во коалицијата.
– Очекувам дека до крајот на април или почеток на мај ќе ја затвориме внатрешната структура и потоа, во мај-јуни, ќе се посветиме на меѓукоалициските договори, на кадровските поместувања, освежувања, институционални рокади – додаде претседателот на Владата.