Што, по ѓаволите, сакаат овие?

Како што впрочем е и последната најава за некакво ново плукачко писмо до еу (малите букви се…) од „лидеро“ на обезглавенана лековерна секта што глуми политичка партија, а се одѕива на лозунгот „или ние и еу или пропаст“! Ама кои се тие „ние“, колкумина се, какви се…? Па и онаа еу, не гледаат ли на што личи?! Или најважно е да се оцрни политичкиот противник, а патем и земјата/народот што ги поддржува?    

154

Насловот на оваа колумна не случајно е истата реченица од крајот на претходната. Зашто, апсолутно без намера да креирам некакви теории на заговор, останува нејасен целиот тој гноен „црн бран“ во македонскиот јавен простор којшто (дали диригирано?) цели на создавање атмосфера на безизлез, несигурност, страв, антипатии кон новата власт…? И што, по ѓаволите, сакаат протагонистите на таквите прикази, зашто евидентно е дека станува збор за една иста патолошка групација, црнобомбардерски настроена и со диоптрија за само една напумпана опција. И воопшто не им е грижа што нивните предвидувања, рецепти и толкувања на реалноста секогаш се чисти промашувања, што нивниот наивистички светоглед е одамна прочитан и исмеан и што нивните навивачки страсти будат само стомачни колвузии. Тие тераат, упорно, магарешки тврдоглаво, како да исполнуваат некаква норма, што ли?!

Како што впрочем е и последната најава за некакво ново плукачко писмо до еу (малите букви се…) од „лидеро“ на обезглавенана лековерна секта што глуми политичка партија, а се одѕива на лозунгот „или ние и еу или пропаст“! Ама кои се тие „ние“, колкумина се, какви се…? Па и онаа еу, не гледаат ли на што личи?! Или најважно е да се оцрни политичкиот противник, а патем и земјата/народот што ги поддржува?






Далеку сум, многу сум далеку од тоа да мислам дека кај нас со новата власт цветаат рози, уште подалеку сум од помислата дека релативно бргу нештата ќе се придвижат кон некаква нормала. Не ќе можат бидејќи активираните сопирачки со цврсти етно-партиски, идеолошки и еу-нато дихтунзи ја држат државата во место. И за тоа има јасни показатели. Овие другиве гласови – клиентелистички односно поданички – се само повторлив рефрен што треба да ја поткрева носечката мелодија.

Но сепак, повторно: што по ѓаволите сакаат да постигнат овие луѓе? Нивните црни гулаби да бидат соодветно третирани кај надлежните фактори во еу? Да поттикнат некаков бран протести против новата власт? Да инсценираат ново „случување на народ“ и повторно превземање на власта? Па за што го сметаат граѓанинот, за глуво-слеп понављач, малоумна овца која повторно ќе тргне кон нивното трло, раја која може да ја командува секој будала од нивните редови…? Па тоа во овој миг не би го можел ни еден Црвенковски, не пак политички шарлатан како Филипче.

И за што впрочем граѓаните би излегле повторно на улица? За да го поддржат глупавото писание до еу, или можеби оние наводни „250.000 со бугарски пасоши“ што ги сонувал еден бивш министер за надворешни? Па зарем е можно некој, дури и во сектана, да верува во тоа? И каде, по ѓаволите, до вчера беа тие 250.000 изгубени души, зошто тие не излезат на улица да бараат „еу или смрт“?!

Или, ако навистина на новиот јавен обвинител веќе на стартот му е „ставен оглав“, зошто овие со очи широко затворени кај претходнине двајца обвинители не ги забележуваа и оглавот, и седлата, и потковиците…? И како им се отворија очите баш после мај 2024 година па гледаат сѐ, дури и тоа што не постои? Како што ја гледаат и се згрозуваат од Македонија како дел од „зоната на држави кои се хранат со црна хроника како доминантен дел од животите на населението“, од кражбите, убиствата, насилничкото однесување…, коишто, нели, ги немаше во времето на нивните газди туку низ земјата течеше мед и млеко? Како така бргу, веднаш по мај 2024 година заборавија дека цели седум години Македонија беше апострофирана низ Европа како царство на криминалот и корупцијата, недефиниран простор каде мафијата си има своја држава? Каква е таа селективна меморија кај такви експерти за сѐ и сешто, па дури и за политикантство, па гледаат само тоа што сакаат да видат и го паметат она што им треба за нивните сомнабулни конструкции?

Па згора, се осмелуваат да пелтечат за некаков „пораз на системот“ и „пример за интегритет“ со омилената им обвинителка заборавајќи го нејзиниот удел во она дувло викано сјо (малите букви се…) и „Ангелите на Катица“. Тоа беше вистинскиот пораз на системот којшто сите овие надрилекари упорно го премолчуваа и немаа личен интегритет и трошка смелост тогаш да проговорат. А имаше за што. Ама сега, полна уста! Е па кога сите тие „форматни“ професори и правни експерти се поклонија дури и пред онаа Катица, што пак сега би нѐ чуделе нивните реакции? Или мислат дека со сегашниве „изблици“ ќе ги исперат рацете? Па уште подметнуваат и дека само на дотичната им миленичка ѝ биле одземени овластувањата а не на сите обвинители. И, се разбира, веднаш ги затвораат очите и пред крајно некултурниот чин на давање оставка по пат на смс! Ама нив им е сѐ дозволено, нели, баш како на „ангели“.

Не велам дека и порано кај нас немало јавно величање на партија и власт, славопојки и некритичко одмерување, но вакво мизерно подаништво, ваков цинизам и клиентелизам, лукративно коленичење во нечија – чија? – полза дури и по штета на целата држава е безмалку врв на интелектуална непристојност, уличарење, страотен провинцијализам и опсесивна патологија односно омраза кон еден дел од македонската политичка сцена. И зошто, за што, за кого? Зошто немаат доблест барем тоа отворено да го кажат? Да речат: оние беа подобри – во што? – оној премиер – кој? – беше подобар, попристоен, оној министер – кој? – беше постручен…?

Заборавија ли, на пример, кој им беше коалициски партнер, кој им беше собраниски спикер и како го избраа, кој беше вицепремиер, како и зошто онаа со скафандерот стана министерка за култура… и што сѐ видовме во нивните седум години политички јад и беда?

Е па повторно ли нив ќе ни ги враќаат?!

Поврзани содржини