НОВ КРУЖЕН ТЕК ВО КАВАДАРЦИ СО ПОМОШ НА „ЛИДЛ“ Проектот ќе придонесе за подобар сообраќаен проток

125

Нов кружен тек ќе се гради во Кавадарци, каде што ќе бидат отворени комплексот Литл Америка и „Лидл“, рече денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

– Посебна благодарност до „Лидл“ за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили продолжуваме да ја градиме модерната и функционална урбана средина – рече градоначалникот.






Тој истакна дека овој значаен инфраструктурен проект ќе придонесе за подобрување на сообраќајниот проток, зголемена безбедност и полесно движење за сите граѓани.

– Побрз сообраќај, поголема безбедност, подобра поврзаност. Продолжуваме со инвестиции во инфраструктурата за подобро секојдневие на сите – нагласи Јанчев.

Задоволство од реализацијата на новиот кружен тек изразија и претседателот на Советот на Општина Кавадарци и претставник од компанијата „Лидл“.

Поврзани содржини