КИДМАН ФРЛИЛА ОКО НА БИВШИОТ МАЖ НА НАЈДОБРАТА ПРИЈАТЕЛКА Гласините за врската на двајцата австралиски актери ја вознемирија Ребека Риг
Гласините за блискоста на Сајмон Бејкер и Никол Кидман ја разбрануваа јавноста, а особено ја изненадија неговата поранешна сопруга и долгогодишна пријателка на Кидман, Ребека Риг.
Холивудскиот актер Сајмон Бејкер повторно ги освојува насловните страници, но овојпат не поради неговите улоги, туку поради неговиот приватен живот, кој во последните недели се претвори во вистинска сапуница.
Гласините за неговата блискост со Никол Кидман ги изненадија и публиката и оние најблиски до него, особено неговата поранешна сопруга. Според странските медиуми, таа останала „шокирана и збунета“ откако Бејкер и Кидман биле видени како се држат за раце на премиерата на серијата „Скарпета“ во Њујорк.
Неочекувана блискост
Бејкер, кој публиката најмногу го памети по улогата на Патрик Џејн во серијата „Менталист“, и Кидман играат брачен пар во новата серија на Амазон. Но, хемијата од екранот, се чини, се прелеа и во реалниот живот. Тие изгледаа исклучително блиски на премиерата, а дополнително ги разгореа гласините со заедничко видео објавено на социјалните мрежи. Во неа, Кидман стои многу блиску до Бејкер, со нејзината рака на неговото рамо, додека тој ѝ возвраќа со насмевка и крената веѓа.
Актерката во таа прилика призна дека нивната хемија „едноставно вибрира“, додека Бејкер додаде со смеа: „Не сум личност кој љуби, па потоа зборува за тоа“.
Поранешната сопруга изненадена
Целата приказна добива посебна тежина поради фактот што поранешната сопруга на Бејкер, Ребека Риг, е долгогодишна пријателка на Никол Кидман. Извор близок до семејството тврди дека ситуацијата е „крајно шокантна“ за неа.
– Таа ја сака Никол како сестра. Тие поминале низ многу работи заедно и тешко ѝ е да разбере што се случува – рекол изворот. Исто така, додал дека дополнително е болно што ниту еден од нив не ја контактирал откако се појавиле гласините.
– Ребека нема поим каква е нивната врска. Многумина веруваат дека држењето за раце било ПР трик, но нивното избегнување за давање одговори и блискоста им даваат тежина на гласините.
Љубовен живот полн со пресврти
Иако сегашната приказна е во фокусот, љубовниот живот на Бејкер и претходно бил сè друго освен мирен. Во 1990-тите, тој бил во врска со пејачката и ѕвезда на шоуто „’The Real Housewives of Sydney“, Мелиса Ткауц, која еднаш откри: „Бев вљубена во него, беше прекрасен“. Исто така, тврдела дека токму таа му помогнала да ја започне својата кариера запознавајќи го со продуцентот на серијата „E Street“.
По ова следел долг брак со Ребека Риг. Тие се запознале во 1991 година, се венчале во 1998 година и поминале повеќе од две децении заедно, пред тивко да се разделат во 2020 година. „Секогаш бевме добри пријатели пред сè“, рекол еднаш Бејкер.
По разводот
По разводот, Бејкер кратко се забавувал со дизајнерката Лора Гибс, која се најде во фокусот на јавноста и поради нејзиното учество во протестите против вакцинирањето. Подоцна се забавувал со 25 години помладата Бриџит Кларк, што исто така привлече големо внимание.
Нов љубовен триаголник?
Според извештаите, Кит Урбан, поранешниот сопруг на Никол Кидман, кој наводно тешко се справува со гласините, сега е индиректно вклучен во целата приказна.
– Гледањето на Никол и Сајмон како се држат за раце беше како да го гледа најдобриот пријател со својата партнерка – тврди изворот и додава дека се надева дека станува збор само за глума поради публицитет: „Се надева дека сè е само шоу. Инаку, тоа би го скршило.“