БЕЗОБЗИРНО ВОЗЕЊЕ НА СЕКОЈ ЧЕКОР Приведени 16 возачи, дел без дозвола, дел под алкохол
Полицијата приведе 16 возачи низ државата, најголем дел без дозвола, а дел управувале возило под дејство на алкохол или со активна забрана.
Полицијата во текот на изминатото деноноќие приведе 16 возачи ширум Северна Македонија поради безобѕирно управување со возило. Најголем дел од нив возеле без положен возачки испит, а дел биле зад волан под дејство на алкохол или со активна забрана за управување.
Од приведените, дури 12 возеле без возачка дозвола. Четири случаи биле регистрирани во Тетово, меѓу кои и малолетник, додека двајца биле фатени во Гостивар. По едно лице без дозвола било откриено во Скопје, Велес, Штип, Свети Николе, Делчево и Битола.
Во два случаи возачите управувале возило под дејство на алкохол – во Кочани и Струга. Дополнително, по еден возач во Куманово и Охрид бил затекнат зад волан иако имал активна забрана за управување возило.
По целосно документирање на случаите, против сите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Од полицијата апелираат возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и да не седнуваат зад волан без дозвола, под дејство на алкохол или со изречена забрана.